• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Роднини на убиените полицајци се приклучија на кривичниот прогон

by А1он10/03/2016 - 14:5955
Share0

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште за случувањата во кумановската „Дива населба“ во мај минатата година. Сведочеа петмина кумановци,  сведоци на Јавното обвинителство.  

Добивај вести на вибер

Роднините на осумтемина убиени полицајци се појавија на денешното судење. Тие изјавија дека се приклучуваат на кривичниот прогон на обвинетите и оти во граѓанска постапка ќе бараат отштета за смртта на нивните сакани.

Како и на претходните рочишта, така и на денешното имаше силно полициско обезбедување околу судот. Продолжението на судењето за „Дива населба“ е закажано за 22 март.

Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.  Убиени беа и десет лица од вооружената група.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен