Груевски: Не ни се потребни празни дебати, туку реални дела

Од:

Вредноста во политиката не треба да биде она што политичарите ќе го кажат, туку тоа што ќе го направат. Минатиот труд на секој политичар се мерки низ проектите и делата кој ги направил, а не по тоа колку омраза и деструкција посеал зад себе. Нам не ни се потребни празни дебати, туку реални дела, зошто на крајот важно е колку добро сте направиле за народот, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Промовирајќи нови шест мерки наменети за младите, Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ целата своја енергија ја насочува кон работа, дела и нови проекти со кои ќе им се подобри животот на граѓаните.

– Работата и проектите се нашиот приоритет и колку и да се обидуваат да не навлечат нашите политички противници на други теми, конструкции и манипулации, народот знае дека проектите и работата едноставно го прават нивниот живот подобар и перспективен. Деструкцијата каква ја применува опозицијата, на граѓанинот не му ги решава проблемите. Ниту оние несреќни епизоди какви гледаме во последно време кои се кршат на грбот на граѓаните и одредени политичари водат кампања која предвреме ја започнаа, рече Груевски.