Активисти на ВМРО-ДПМНЕ ќе протестираат пред МВР

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира за протест пред Министерството за внатрешни работи и уште синоќа се праќаат смс пораки помеѓу членството за излегување на протест против министерот Оливер Спасовски. Партијата пак синока излезе со соопштение во кое протестот го нарекува граѓански и апелира сите да се однесуваат мирно.

-ВМРО-ДПМНЕ го разбира гневот и револтот на граѓаните, бидејќи истите се сведоци дека техничкиот министер за внатрешни работи не стори ништо за да ја заштити нивната безбедност и да обезбеди владеење на правото во Општина Бутел, иако тоа му е обврска и за тоа е платен од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ апелира сите оние кои ќе излезат и ќе го поддржат граѓанскиот протест кој се најавува за денес, да се однесуваат мирно и одговорно, со сиот респект кон државните институции, соопштија по полноќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Протестот е во исто време со тој закажаниот пред Уставниот суд, а доаѓа и по одлуката на ДУИ да се повлече од кружниот тек во Бутел. Речиси сите партии го осудија како што рекоа “сценариото на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ да предизвикаат криза и инциденти со цел да се претставуваат како големи патриоти кај своите гласачи. Исторемено сите прашуваа –како е можно полицијата да ги дели активистите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, а партиите се уште добро да коалицираат и да ја делат власта.