(ВИДЕО) Блажески: Со парапетчето на Груевски, Вие немате право да зборувате за екологијата

Од:

Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016та година беше точката која разгоре дискусија помеѓу градските советници на 51-вата седница на Советот на општина Охрид.

Во депонијата Мауцкер се` уште се одлага отпад и дали е тоа само градежен или таму се одлага и комунален отпад беа само дел од прашањата.

Советникот од опозицијата, Дејан Блажески, ја повика директорката на ЈП Охридски комуналец, јавно да признае дали кај депонијата Мауцхер, (каде впрочем има археолошко наоѓалиште), освен тоа што за жал се депонира градежен шут, откако таа е директор и ДПМНЕ на власт во општината, се депонира и комунален отпад , што е далеку поголемо зло од аспект на загадувањето.

– Со цела моја морална одговорност, Ви тврдам дека поседувам фотографии, не го кажувам ова само овде, не се кријам позади советничката говорница и сум подготвен истото да го кажам во изјава, затоа што не ми треба заштита кога ја зборувам вистината. Повикувам,да не се депонира комунален отпад, да повлечеме црта на тоа што било и да престанеме да се однесуваме неодговорно кон природата, без оглед на тоа кој прв почнал. Доколку, пак, сакате да ја вметнете политиката место стручно, граѓански и одговорно да разговараме, тогаш имам обврска да ви кажам дека немате ниту политички право да зборувате за проблемите во Охрид со загаденоста затоа што не смееме да заборавиме дека цели десет години сте власт во оваа земја.Во ваши раце е Министерството за животна средина и просторно планирање и неговите истурени единици . За крај, да не ве потсетувам на екс премиерот Груевски со парапетчето и неговиот став за Охридското Езеро”, истакна Блажески.

Директорот на ЈП Охридски комуналец Скрческа, потврди дека се случило да депонираат и комунален оптад заради технички проблеми кај Мауцкер, по што следуваше повторно кратка расправа. Точката беше ставена на гласање и не го доби потребиот кворум за да помине.