(ВИДЕО) Мигрантите со камења кон полицијата, урнаа дел од оградата

Од:

По неколку дена чекање да бидат пуштени на македонска страна, бегалците срушија дел од оградата од македонска страна. Тие фрлаа и со камења кон македонската полиција која одговори со шок бомби за да ја разбие толпата.

Причина за нервозата беше што беа пропуштени педестина бегалци, а останатите почнаа да трчаат кон оградата надевајќи се дека ќе успеат да дојдат од другата страна.

Македонската полиција при напливот уште претходно се обиде да ја зајакне оградата со дополнителни железни столбови, но денеска бегалците влечеа дел од оградата која успеаа да ја урнат.

Во бегалскиот камп на Идомени според информациите има околу 7000 бегалци кои упорно чекаат да ја поминат границата и да влезат во Македонија.