ДОМ бара именување и казна за насилниците врз Тодор Петров

Од:

ДОМ бара именување и казна за насилниците врз Тодор Петров. Секое насилство е недозволиво, а секоја жртва и секој насилник си имаат свое име. Јавноста треба да ги знае и имињата и мотивите за насилството.

ДОМ го осудува насилството врз Тодор Петров и од МВР бара итно да ја заврши истрагата, да ја информира јавноста и да ги казни сторителите. Ова е важно и од аспект на постигнување на правдата, но и од безбедносен аспект, имајќи го предвид поширокиот контекст со кој се поврзува нападот.

Република Македонија се наоѓа во предизборен период и само ефикасното санкционирање на било чие насилство против било кој граѓанин може да има превентивна и стабилизирачка функција.