26 пратеници ја потпишаа Иницијативата за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието

Од:

Иницијативата на ДУИ за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието ја потпишаа 26 пратеници од ДУИ и ДПА. Тука се и потписите на Али Ахмети и Мендух Тачи, велат партиски извори за А1он.

Од партијата не откриваат какви решенија содржи Иницијативата, единствено дека ќе бараат да се помести датумот на избори, како и дека решенијата се во согласност со препораките од меѓународната заедница. Иницијативата се уште не е поднесена формално, туку се чека исход од преговорите меѓу партиите кои се во тек.

Пратениците на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да ја потпишат Иницијативата, но велат дека ќе ја гласаат во Собранието. За да биде повлечена одлуката за распуштање на Собранието, треба да биде изгласана од минимум 62 пратеници.

За пролонгирање на терминот од 24 април е потребно и менување на Изборниот законик, бидејќи во него е назначено дека тоа е терминот за предвремените парламентарни избори.

Александар Тодески