(ВИДЕО) Пред Влада ќе се собираат чевли како револт за иселувањето

Од:

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“, ги повика граѓаните кои имаат свои блиски што се иселиле од земјата во сабота (13 февруари), во 12 часот, да се приклучат кон иницијативата “Колку чевли останаа неизносени“. Преку донирање на стари обувки кои иселените не ги зеле, напуштајќи ја Македонија.

– Личното чувство дека се повеќе блиски ни заминуваат од државата, ги потврдуваат и официјалните статистики. Така, според податоците од Светска банка, од Македонија се иселиле над 600 000 жители, уште повеќе, 100 000 од нив се млади луѓе. Ниту иднината не изгледа подобро, според фондацијата „Фридрих Ерберт“, секој втор млад човек сонува да си замине од државата и сите ние сме жртви на овој современ егзодус,а причините се бесперспективноста, невработеноста и сиромаштијата, а директно виновни за тоа е Владата, затоа во сабота ќе се собереме да го искажеме својот револт и да порачаме дека ние ги плаќаме од наши пари, за да ни обезбеди добра живеачка во нашата татковина, а не да не присилуваат да си бараме живеачка некаде надвор, рече Инес Ефремова.

Немаштијата, невработеноста, оземената слобода, стравот, притискот, загадениот воздух, контролираното образование и колапсот на здравството се дел од причините за иселеничкиот егзодус што им се случува на граѓаните на оваа земја, а одговорни се оние, кои граѓаните ги плаќаат да ја водат државата – власта.

– Како што во Скопје снемува дрвја, така во Македонија снемува луѓе. Страшно ми е да ги гледам и слушам статистиките, но можам да ви раскажам дека ние бевме друштво од 20 – тина луѓе, што заедно растевме, другари, другарки, роднини. Во деведесетите години не не собираше во една куќа, сега може да не собере на една маса, останавме само 4 -5 луѓе. Најстрашно е што сите мои другари што отидоа имаа високо образование, решено станбено прашање и релативно пристојна работа, но тие отидоа поради безизлезот во кој што е Македонија, рече Никола Писарев.

Она што ни остана од најблиските се нивните чевли.

– Нашата иднина е тука и власта треба да ни дозволи иднината да си ја изградиме, тука и да не бараме парче леб во туѓина. Деновиве во другите градови во Македонија се собираат обувки и во сабота ќе бидат донесени во Скопје. Ова што ни се случува е многу тажни и затоа мора гласно да пратиме порака дека мора да има промена, да ни обезбеди живеачка во нашата земја, рече Адријана Селмани.

Чевлите кои се во употреблива состојба ќе бидат подарени во хуманитарни цели на организацијата „Легис“, како помош за бегалците. Останатите обувки ќе бидат искористени како дел од уметничко дело на група автори, посветено на на иселувањето.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Околу десет проценти од чевларските претпријатија во Куманово работат во овој период

А1он