(ВИДЕО) Богоев: Додека граѓаните немаат за леб, ВМРО – ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата

Од:

Додека здравствениот ситем во Македонија се распаѓа и згаснуваат млади човечки животи поради криминално-тендерски политики, а животниот стандард е под секое човечко достоинство, ВМРО-ДПМНЕ поставуваат златни круни на оградата на Владата. Тие златни украси, оваа ограда граѓаните ги чини неверојатни 690 илјади евра, рече Стефан Богоев, Претседател на СДММ и пратеник.

 
За лекувањето на малата Тамара беа потребни дваесет пати помалку од овие пари, односно само 30 илјади евра.
 
Додека граѓаните немаат за леб и основни услови за живот, за лекување, ВМРО-ДПМНЕ ги позлатува оградите на Владата.

Тендерите и бизнис зделките на фамилијата за ВМРО-ДПМНЕ се поважни од здравјето на граѓаните. 
 
Груевски им одзема 10 години живот на граѓаните преку своето криминално работење.
Затоа граѓаните се обединети против корупцијата и криминалот.
 
Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, што ќе и ја дадат граѓаните на Македнонија, ќе го запре криминалот и корупцијата што беа основа за владеење на Никола Груевски, ќе ги врати парите кон граѓаните и ќе обезбеди сигурно финансирање на здравствениот систем и никогаш да не се повтори случајот со малата Тамара.