(ВИДЕО) Котески: ДПМНЕ против статутот и деловникот на Општина Битола!

Од:

Поради честото отсуство на градоначалникот Талески на седниците на Совет во општина Битола, приморани сме нашите прашања до него да ги упатуваме во писмена форма. Меѓутоа и покрај предвидениот рок, граѓаните останаа без одговори, рече советникот од редовите на СДСМ во Општина Битола, Благојче Котески.

Ова претставува директно кршење на деловникот и статутот на Општина Битола.

Со ова директно се руши интегритетот на Советот на Општина Битола и се руши демократското работење на оваа институција.

Прашањата за кои сеуште нема одговор, се однесуваат на добиената донација од ФФМ за изработка на нов терен на стадионот под Тумбе Кафе и рефлектори.

– Кој има дадено дозвола на изведувачот за почеток на оваа реконструкција и кога?

– Дали изведувачот на реконструкцијата на теренот поседува лиценца за градба а ако поседува кога ја има добиено?

– Дали изведувачот, има одобрена работна дозвола и одобрен престој на нивните инжинери и работници?

– Дали постои проект за оваа темелна реконструкција со поставување на одводен систем?

– Кој е производителот на веќе изведената бетонска атмосферска канализациона мрежа и каде истата се поврзува?

– Дали оваа изведба е компатибилна со проектот за изградба на нов фудбалски стадион во Битола?

– Дали има издадена градежна дозвола за новиот фудбалски стадион, ако има кога е истата издадена?

– Дали оваа донација е регистрирана во службените книги на општина Битола?

– Дали се плаќа данок за ова?

Дали деновиве кога комплетната работа на општина Битола е ставена под лупа на Специјалното јавно обвинителство претседателката на Советот Силвана Анѓелевска и сегашниот секретар на ОК на ДПМНЕ Илче Димовски свесно под партиски налог ја спечуваат вистина да излезе на виделина?

Завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните „тендер„ политики.