Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во општината Сарај го откри споменикот на националниот херој Иса Болетини, по повод стогодишнината од неговата смрт.
– Добредојде Иса Болетини. Ти го заслужуваш ова бидејќи го продолжи аманетот на тие што се бореле за албанските идеали. Твоите цели се остварени и сега ти си овде со нас, а тие што те навредуваа и работеа против тебе се под земја, заборавени, рече Ахмети.
Добро е, додаде тој, да се види дека многумина ги продолжија твоите аманети насекаде каде што има Албанци. – Многумина патеа затоа што те поддржаа, но, на крајот се оствари твојот сон, истакна лидерот на ДУИ.
Споменикот е донација од албански скулптор, а изградбата и поставувањето чинеле 18 милиони денари средства кои се обезбедени од општината Сарај.
