А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Не разбира Никола дека веќе е Никој

by А1он23/01/2016 - 15:1290
Share0

„На кого Никола Груевски му зборува за кредитоспособност и потребни плати од 50 до 80 илјади денари за кредит за куќа и од која позиција?

Добивај вести на вибер

Никола Груевски исели 626.312 илјади луѓе, од кои најголем број млади.
Над 500.000 луѓе живеат во сиромаштија.

Над 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден.

50 проценти од младите се невработени.

Груевски не разбира дека повеќе не е премиер.

Граѓаните му го одземаа правото на Никола Груевски да се ги користи нивните пари, како да ги вади од свој џеб, а не од народниот буџет.

Посебно што 10 години народните пари одат во џебовите на Груевски и неговата фамилија.

Апсурдно е Груевски да зборува за канализации и водоводи без коишто ги остави граѓаните.

Илјадници граѓани во Македонија пијат загадена вода со арсен, бактерии и фекалии.

Во Гевгелија водата за пиење е полна со арсен.

Во селата Октиси, Франгово и Калишта во водата е најдена бактеријата ешерихија коли.

Со бактерии е и водата во Тетово, во градскиот водовод во Неготино, околните села на Неготино и Демир Капија.

Неисправна е водата за пиење во шест села во охридско.

Со фекалии е водата во Велес!

Проблеми со водоснабдувањето со години имаат жителите во битолско.

Жителите на Село Врбоец, крушевско воопшто немаат водовод.

Патот од наносите од камења и земја што се струполија во селото Мала Речица за време на поплавите летото не се санирани. Луѓето живеат во страв од нова ерозија.

На овие луѓе ли Груевски им зборува за водоводи, патишта и канализации?

Груевски им одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија.

Времето на Никола Груевски заврши. Завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен