Заев: Неопходни се чист Избирачки список и професионално известување за фер избори

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнето се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер.

Тема на средбата беше спроведувањето на Договорот од Пржино и шансите за фер и слободни избори.

-Без прочистен Избирачки список и обезбедување механизми за професионално известување на медиумите не се можни фер и демократски избори, рече претседателот Заев.

На средбата е изразена согласност дека следните избори во Македонија мора да бидат слободни и фер, бидејки тоа ја дефинира иднината на граѓаните и државата.

Претседателот Заев информираше и за скандалот со злупотребата на незаконски лични карти од страна на власта во избори цели, што е силен аргумент дека се потребни цврсти гранции од институциите и пред се од Државната изборна комисија дека граѓаните на следните избори ќе гласаат според доверлив Избирачки список.