Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, се огласи на својот ФБ профил со обвинувања кон Артан Груби. За неа тој е „хулиган“ и „поттикнувач на конфликти”, кој го урива авторитетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„За жал, нема ништо од реформите во ДУИ. Тоа е нормално кога корумпирани членови и губитници го уриваат и кредибилитетот на лидерот. За едно нешто немам никакви дилеми, а тоа е дека губењето на авторитетот на Ахмети и на партијата почна кога во структурите на ДУИ високо беше лансиран господинот Селфи, хулиганот кој може само да потикнува конфликти, без разлика дали е тоа на стадион или кога носи наметка на политичар“, напиша Мехмети на ФБ.
