Се одложи анкетната комисија за фалсификувани лични карти

Од:

Одложено е формирањето на анкетна комисија за фалсификуваните лични карти.

Членовите на комисијата за избори и за именувања од СДСМ побараа точката да се отстрани од дневен ред, сепак, претседавачот на комисијата, Трајче Димков, само го одложи формирањето за да им остави простор на партиите да предложат свои кандидати што би членувале во комисијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ се расправаа за тоа дали е потребно формирање нова анкетна комисија кога веќе има една за прислушуваните разговори.

Пратеникот Горан Мисовски рече дека новата анкетна комисија што ја бара ВМРО-ДПМНЕ е само „претстава за членството на партијата“.

Пратеникот Илија Димовски, кој на комисијата присуствуваше не како член, туку како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека треба да се дојде до политичка одговорност за тоа кој фалсификувал лични карти, украл идентитети на 120.000 граѓани и фалсификувал бугарски, турски и македонски пасоши.