Бурни реакции и потсмев на социјалните мрежи по теоријата на провладиниот експерт Тања Каракамишева дека младитe се иселуваат поради невозвратена љубов, со што остана нејасно дали целата дијаспра имала несреќна љубов во Македонија.
Во најголем број од случаите се работи за тага поради невозвратена или непреболена љубов па чарето одлучиле да го бараат во заминување подалеку од партнерот со мислата дека ако се подалеку од местото каде што се ги потсетува на неа/него полесно ќе им оди со преболувањето. Значи, раскинувањето или разводот од партнерот, но и незадоволството од семејните односи меѓу родителите, браќата, сестрите (главно заради присутното семејно насилство) се најчестата причина за заминувањето на младите“, пишува Каракамишева во нејзината колумна во Дневник.
Цела Македонија на дијазепам поради љубов!
Според Каракамишева оти јас сум во сериозна врска никогаш нема да заминам од Македонија. Оооок! #ЕвеНеЗнам
Каракамишева со стил ја почна новава година.
Еј #Каракамишева, се мажам за Белгија!
-Ќе се гледаме вечер? Да си ја прашам Каракамишева!
Поздрав до Каракамишева со третата строфа од Т’га за југ.
Се скаравме вчера со Бојан, нека си мисли ќе патувам.mp3 #Каракамишева
Зошто се иселија 600.000?
„Во најголем број од случаите се работи за тага поради невозвратена или непреболена љубов“, се дел од реакциите на Твитер и Фејсбук.