(ВИДЕО) Изгоре куќа во Драчево, осум повредени

Од:

Изгорените ѕидови и ужасната глетка останаа да сведочат за пожарот во село Драчево кој се случи околу 15 часот. Од пожарот повредени се осум лица кои живееле во трошната куќа.

Според соседите кои не сакаа да зборуваат пред камери, најмладиот член од ромското семејство имал само 6 години, но за среќа детето не било дома.

– Во куќата живеат многу луѓе. Слушнав експлозија и се исплашив, а кога видов дека е пожар, веднаш отидов кај соседите бидејќи се плашев да не се прошири и во мојата куќа, вели видно потресената соседка.

Пожарот се случил од експлозијата на плинска боца во куќата во која според соседите живееле тројца браќа со семејствата.

Телата на повредените биле веднаш однесени во скопските клиники со амбулантни возила, а поголемиот дел од нив имаат тешки изгореници. Во најтешка состојба е повозрасна жена која има изгореници на околу 70 проценти од телото.

Официјалните информации велат дека експлозијата се случила додека се монтирало грејно тело со плински боци.

Александар Тодески