А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за култура: Лиценцата на ММИ е одземена заради негативно финансиско работење

by А1он05/01/2016 - 14:2257
Share0

Дозволата за колективно управување со правата на уметниците, музичките изведувачи и произведувачи на фонограми на Македонската музичка индустрија -ММИ и е одземена по основ што оваа организација во 2014 година имaла потрошено 81,5 проценти од прибраните парични средства за работењето на организацијата (плати за вработени, хонорари, закупнина и слично), повеќе од законски дозволениот лимит кој изнесува 15 проценти за оваа намена, пишува во соопштението на Министерството за култура, откако ММИ вчера се огласи со рекација за укинувањето на нивната лиценца.

Добивај вести на вибер

„Негативното финансиско работење на Македонската музичка индустрија – ММИ беше констатирано и од страна на Владата на Република Македонија која даде негативно мислење за финансискиот извештај за работењето на оваа организација за 2014 година.
Имено, појаснуваме дека ММИ, согласно со Законот за авторските и сродните права, за работењето на организацијата може да потроши само 15 проценти од сите прибрани средства за своето тековно работење, додека остатокот од средствата во висина од 85 проценти треба да го распредели на носителите на правата. Исто така, ММИ не ја испочитува законската обврска за инсталирање софтвер за електронско евидентирање на емитуваните дела во радио-телевизиските организации.
Заштитата на авторските права и правилната распределба на средствата со кои соодветно ќе се вреднува творечката работа на носителите на правата (авторите, изведувачите, произведувачи на фонограми и др.), како и досега така и во иднина останува приоритет на Министерството за култура. Министерството за култура нема да дозволи противзаконско работење на сметка на носителите на правата.“, стои во соопштението на Министерството за култура.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен