Еврокомесарот Хан доаѓа во Скопје на 14. или 15. јануари

Од:

Европската комисија потврди дека еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ќе дојде Македонија, со цел да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача извештајот на Прибе.

Според информациите од кабинетот на Хан, еврокомесарот за преговори за проширување ќе ја посети Македонија на 14 или најдоцна на 15 јануари, што се поклопува со датумите кога Никола Груевски треба да си даде оставка и да се избере техничка влада со нов мандатар, која треба да организирира предвремени парламентарни избори што треба да се одржат на 24 април.

Посетата на Јоханес Хан на Скопје нема да се поклопи со доаѓањето на тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, закажана за 11 јануари.
Тројцата европарламентарци ќе ги убедуваат партиите да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот од Пржино и од итните реформски приоритети што ги препорача Европската комисија.