ЦИВИЛ прогласува слободна зона

Од:

Во пресрет на новогодишните празници, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканува сите слободољубиви граѓанки и граѓани во Слободна зона, за уште еднаш да поразговараме отворено за организирање на слободни, фер и демократски избори и слободно остварување на гласачкото право.

ЦИВИЛ ќе прогласи Слободна зона и во просториите на организацијата во вторник, 29 декември, од 13 до 16 часот. Ги покануваме граѓанките и граѓаните, медиумите, невладините организации, соработниците и поддржувачите на ЦИВИЛ.

За Слободната зона на ЦИВИЛ можете да се информирате на инфо-штандовите во понеделник и вторник, 28 и 29 декември, со почеток во 12 часот, на улица Васил Главинов кај преминот Палета. На штандовите на ЦИВИЛ граѓанките и граѓаните ќе можат да се инфоримираат за начините на нивното активно вклучување во одбрана на гласачкото право и на човековите права и слободи воопшто.

Слободна зона за слободни луѓе, свесни и посветени на остварувањето на своите уставно загарантирани права! Дојдете да се подготвиме заеднички за слободни избори и свесни да ја дочекаме Новата 2016 година.

Слободна Зона е активност на Цивил – Центар за слобода која се спроведува како дел од проектот „Моето гласачко право“, чија цел е да се информираaт и едуцираат граѓаните за остварување на нивните права поврзани со изборите.