(ВИДЕО) Алхемија на Балканот – Македонија, последна епизода

Од:

На почетокот на последната, деветта епизода, авторот на емисијата Алхемија на Балканот-Македонија, разговара со лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

– Иако е од семејство кое традиционално се занимава со бизнис, Заев ги предводи македонските социјалдемократи. Поведе борба против владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски. Го изведе народот на улица, најмногу студентите и младите, на што Груевски одговори со масовни манифестации за поддршка на власта. Заев смета дека Груевски им дава преголеми олеснувања на странските инвеститори, а на штета на домашните производители.

– Тие добиваат субвенции, а нашите фабрики не добиваат ништо, со што станува невозможно да се конкурира на странцуте, вели Заев.

Градоначалникот на Гостивар јасно објасни како функционира заедничката власт помеѓу Македонците и Албанците на државно ниво „Ако нашиот лидер каже да се повлечеме, сите министри се повлекуваат. Ако каже да не ја признаваме Македонија, никој нема да ја признае“, пренесува авторот Горан Милиќ во последната епизода од неговиот серијал кој се емитува на Ал Џезеира-Балкан.