По серијата терористички напади низ светот овој ноември, лидерите на европските држави и министри за внатрешни и надворешни работи на земјите-членки на Европската унија ја зацврстија политичката состојба на вонредност да ја диктира динамиката со која ќе се решаваат последиците од сè поразгорената состојба во Сирија и на Блискиот Исток. Засилени бомбардирања во разрушената Сирија, нови ѕидови и затворени граници на чии погранични камења националноста се воспоставува како нов услов за хуманитарна заштита.
Ова се само дел од причините против кои здружени во транснационална мрежа на формални и неформални движења и организации низ Европскиот континент излегуваат на 18. декември со повик за општа состојба на солидарност, која ќе придонесе да се гради солидарен свет во кој сакаме да живееме слободно и без страв од насилство.
Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, Легис-Скопје, ЛД Солидарност, Фондација Отворено општество – Македонија, Профицио, Скопје, Цивил – Центар за слобода, граѓанска платформа #Aјде/Hajde, Граѓаните за Македонија, волонтери, активисти и други граѓански организации, левичарски движења, волонтери, хуманитарни организации и активисти од Република Македонија се приклучија кон основањето на транснационално движење #STATEOFSOLIDARITY.
„Како дел до движењето, но и како држава која е дел од т.н. Западно-балканска рута низ која секојдневно минуваат илјадници гладни, уморни, обесправени и обезличени луѓе со различни потреби, заедно со останатите сојузници ширум Европа ќе го одбележиме Меѓународниот ден на работниците-мигранти и членови на нивните семејства.
Во петок, 18.12.2015 година со почеток од 13 часот ќе започне маршот за поддршка на луѓето кои секојдневно ја минуваат т.н. Западно-балканска рута. Потоа, во вечерните часови и согласно долунаведената програма ќе имаме јавна дискусија и прикажување на краток документарец направен од страна на луѓето кои минале, минуваат низ Република Македонија или веќе пристигнале до посакуваната дестинација во некоја од европските држави. Дополнително, достапни ви се и инструкции за тоа како можете да станете активни чинители во поддршка за развој на цивилизациските вредности на човештвото преку иницијативата #STATEOFSOLIDARITY. Информации за иницијативата тука: http://stateofsolidarity.net/. “, стои во
Луѓето кои ги нарекуваме мигранти се луѓе кои бегаат од војни, експлоатирани гладни работници и млади што одбиваат да живеат во неправда, обезгласени и без надеж за поинакво секојдневие, со надеж за подобра иднина, мажи и жени во обид за спас на својот живот. Да престанеме да ги обезличуваме со етикети како што се „бегалци“ и „економски мигранти“. Мирот, демократијата, социјална правда и достоинство се вредности кои припаѓаат на сето човештво и сите луѓе поддеднакво заслужуваат живот без страв од војни, глад и беда.
Воедно, потсетуваме дека овогодинешната порака на Генералниот Секретар на ООН, Бан Ки-мун ги реафирмира заложбите за разновидни и отворени општества кои овозможуваат шанси и достоинствен живот за сите мигранти потсетувајќи ги државите-членки на ООН за важноста и превземените обврски од Меѓународната конвенција за заштита на правата на сите работници-мигранти и членовите на нивните семејства (ООН, 1990г.)
Повикот за прогласување на општа Состојба на Солидарност, која ќе придонесе да изградиме и Солидарен свет и активностите предвидени за одбележување на 18. декември“, стои во повикот за одбележување на 18 декември.
Дневна програма за петок, 18.12.2015 година
13:00 – 13:30 – Марш за реафирмирање на европските вредности на сите народи во Европа: „Мир, демократијата, социјална правда и достоинство за сите“ Јавно обраќање, предавање на барања и препораки до Влада на Република Македонија Воислав Стојановски, правен советник, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
13:30 – 14:00 – Марш од Влада на Република Македонија до Делегација на Европска Комисија во Скопје, (ЕУ инфо центар)
14:00 – 14:30 – Делегација на Европска Комисија во Скопје Јавно обраќање, предавање на барања и препораки до канцеларијата на Делегацијата на Европската Комисија во Скопје Говорници: Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права на РМ Јасмин Реџепи, извршен директор на хуманитарна организација Легис-Скопје
Вечерна програма за петок, 18.12.2015 година:
ГЕМ клуб, Стара чаршија 18:00 – 19:30 – Јавна дискусија на тема: Правните и хуманите аспекти на темната страна на Балканската рута Здружени локални групи претепуваат и ограбуваат луѓе кои успеале да ја минат границата на Република Македонија.
Oрганизираниот криминал и ланец на криумчари долж т.н Балканска рута се вратија на дневен ред. Секојдневно расте ксенофобија кон луѓето кои транзитираат пеш по необезбедените патишта и пруги, со надеж дека ќе ја поминат територијата без да се сретнат со локални групи или полициски службеници кои ќе ги депортираат назад во Грција. Што се случи со Балканската рута? Какви последици предизвика одлуката за пропуштање на само одредени националности како што се Сиријци, Авганистанци и Ирачани? Што се случува со луѓето кои и покрај забраната за влез во Република Македонија, успеваат да влезат на територијата? Каков е нивниот правен статус и кој се нивните права? Дали имаме право да ги нарекуваме економски мигранти и да им забрануваме влез во Република Македонија? Имаат ли луѓето право на азил и право на работа?
Модератор: Јасмина Голубовска, Фондација Отворено општество -Македонија Говорници: Воислав Стојановски, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ Зоран Дранговски, Македонско здружение на млади правници Јасмин Реџепи, хуманитарна организација Легис-Скопје Претставник/чка на ЛД Солидарност
19:30 – 20:00 – Краток документарец – прикажување на лични приказни направени од страна на луѓе кои минале, минуваат низ Република Македонија или веќе пристигнале до посакуваната дестинација во некоја од европските држави