Кирацовски: Груевски почна да се повлекува

Од:

Власта на Никола Груевски почна да се повлекува и да се правда за неразумните казни за администрацијата, што самата ги предвиде во Законот за административни службеници. Според нивните тврдења, оценувањето за 2015 година требало да биде пилот проект. Лажат. Во преодните и во завршните одредби од законот никаде не е наведено дека оценувањето во првата година е пилот проект. Во член 111 од новиот закон јасно се наведува дека само започнатите постапки ќе завршат според стариот закон за државни службеници, а оценувањето за 2015 година започна после примената на новиот закон, истакна денеска на прес конференција Александар Кирацовски, дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација.

Нему денеска му беа овозможени технички услови да го одржи пресот во зградата на Министерството.

– Во нашето Министерство кое што е надлежно за спроведување на оценувањето, истото е започнато во септември оваа година, и тоа седум месеци после примената на законот. Целта на власта со казните што ги озаконија се притисок и уцени врз администрацијата. Бидејќи моја обврска е да не дозволам администрацијата да се злоупотребува во изборни цели, инсистирам да се укине овој систем на оценување во кој и многу добрите службеници можат да се казнат, систем во кој судбината на службеникот е во рацете на неговиот шеф и систем во кој политичкото влијание може да ја креира оценката – истакна Кирацовски.

Имајќи го предвид односот на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ врадени во министерството, порачувам,

Ова не е пилот администрација и ова не е пилот држава, рече Кирацовски.