Еден загинат и петмина повредени во сообраќајката во Кисела Вода

Од:

Едно лице загина, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа кај Рампа, во скопската населба Кисела Вода.

Несреќата се случи во 23:30 часот меѓу патничко возило „лада“ и патничко комбе од Белград. 1

Во несреќата на самото место починал 31 годишен жител на Скопје кој управувал со ладата, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото на 19 годишна возраст. Тешко повредениот во возило на Брза помош веднаш е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и возачот на комбето со српски таблички 31-годишниот А.Б., како и сопатниците Б.Ј. (42), М.Б (28) и Х.С (23) кои се пренесени во Градската болница „Наум Охридски“.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на јавен обвинител и екипа на МВР и се работи на откривање на причините поради кои дошло до несреќата.