Ова во Македонија е битка за државата, на кого не му е јасно тоа ова е добар ден да го нагласиме тоа. Опозицијата свесно се става во функција на алатка, и оваа битка ќе се реши на изборите во април следната година. На тие избори народот ќе каже кого подржува и во кого има доверба, нема да каже ниту еден странец, ниту тоа ќе се реши со волшебен стап. Ова е наша земја, ова е наша татковина, ова е Република Македонија, и ние мора жестоко да одговориме на сите предизвици со кои се соочуваме, тоа сакам да го порачам на овој ден, рече премиерот Никола Груевски на свечената академија по повод денот на ВМРО, повикувајќи се и зборувајќи во името на целиот народ.
Тој упати порака и до олеснувачот во преговорите Ванхауте.
Договорот од јуни и јули треба да се почитува без разни толкувања од интересите на политичките партии. Тој не може да служи како појдовна тока за нови преговори и договори. Секој треба да пристапува со максимална сериозност, треба да го почитува тој договор. Зборот не може да биде нов збор, тој што потсетува за зборот треба да потсети на друго место, а не пред македонскиот народ, рече Груевски.
Ова е денот на ВМРО, ова е наша земја, и ние народот на Македонија одлучуваме за иднината. Решавањето на политчката криза со договор е позитен чекор, за излез од агонијата што ја предизвика опозицијата . Избори мора да има заради нив, заради нас и вас, заради секого. На тие избори граѓаните треба во фер услови, слободоумно да решат за својата иднина.
Министрите и заменици треба да обезбедат избалансираност, демократијата, а не да бидат алатки во политичка функција, да не дозволат влијание во изборните процес, исто треба и специјалниот јавен обвинител-немаме од што да стравуваме, сакам да верувам дека и политичките конкуренти нема од што да стравуваат. Треба да стравуваме само од народот, јас барам народот да одлучи и да каже кому верува.
Ние се радуваме на денот на изборите и го исчекекуваме тој 24 април, ден во кој сум длабоко убеден дека се ќе се разјасни. Дотогаш ќе има уште сеење магла, валкани обиди за рушење на државата, но ние ќе стоиме рамо до рамо со народот. Ги знам сите теории, нема да го изневериме народот и за тоа ви давам збор. Битката ќе ја добиеме, сите ние имаме одговрност пред државата, рече Груевски.
Груевски побара седми позитивен извештај од ЕУ.
Барам седми позитивен ивештај за Република Македонија, седма препорака и датум за почеток на преговорите. Тоа е цивилизациски, морално и оправдано. Нема човек кој смета дека ова е незаслужено. Сега се зборува дека ќе биде одземена препораката. Губење на препораката народот нема да го доживее нешто трагично, и таа е бесмислена ако нема почеток на преговори, сепак тоа е важно за нашиот народ, рече Груевски.