Спрски Курир тврди дека поранешниот шеф на УБК бил пуштен откако интервенирал македоскиот премиер, односно неговиот братучед.
-Поранешниот шеф на македонската тајна служба Сашо Мијалков минатата сабота беше приведен со оружје на белградскиот аеродром, а пуштен благодарение на блиските роднониски врски со премиерот на Македонија, Никола Груевски, пишува српски Курир.
-Немаше кој не се јави, од политичари, контраверзни бизнисмени до луѓе директно од власта во Скопје. Дури интервенираше премиерот на Македонија затоа што Мијалков му е прв братучед. Инсистираа веднаш да биде пуштен, без проверки и задржувања. Што се случи и на кого се се јавувал македонскиот премиер не е познато, но тој беше многу брзо пуштен, тоа беше наредба, открива соговорник за Курир.
Според медиумот, кај Мијалков бил пронајден пиштол берета, хируршки ракавици и уште еден оквир со муниција.
Курир пишува и каде одел и за честите посети во Белград. Повеќе на овој линк.