(ВИДЕО) Тевдовски: За поддршка на малите и средни фирми ќе издвоиме 20 милиони евра

Од:

На денешната дебата на СДСМ на тема „Поддржуваме домашни претпријатија, инвестираме дома“ Драган Тевдовски, претседател на партиската комисијата за економија зборуваше дека во партиската платформа е предвидено од државниот буџет во првата година да се издвојуваат 20 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија, а оваа сума за неколку години треба да порасне на 50 милиони евра.

Тој најави отворање на старт ап центри, а за мали фирми државата обезбедува простор и служби.