Власта на секој начин се обиде да го спречи средношколскиот протест. Училишните врати биле заклучени во гимназиите „Јосип Броз – Тито“ и во „Раде Јовчевски- Корчагин“, за да ги оневозможат учениците да се приклучат на протестот.
Еве дел од пораките од ученици, граѓани и родители, објавени на страната на „Средночколски пленум“:
Прoфесoри,
денес требa дa бидете тaму кaде штo се вaшите ученици. Не бидете срaм зa прoфесијaтa!
Не дoзвoлувaјте дa стaнете кaрикaтури вo спoмените нa oвие генерaции.
Денес училиштетo е тaму кaде штo се нaшите децa. Директoрите немa дa бидaт меѓу нaс.
Бидете пример, вреднoст, идеaл.
Бидете дел oд генерaцијaтa кoјa ќе не’ сoздaвa нaс!!!
Драга власт,
Не можеш да им пратиш технички преглед пошто не доаѓаат по директива со автобуси.
Не можеш да ги поткупиш со сендвичи пошто гладни се за иднина.
Не можеш да ги носиш на топла бања, пошто им врие крвта.
Не можеш да ги заробиш со лаги пошто совеста им е чиста, а идеите свежи.
Ништо не им можеш, освен да ги послушаш
#СредношколскиМарш
Инаку, да се разбереме – јас математика, ептен, ептен сакам! Од основно до факултет ми беше омилен предмет, и на натпревари одев, па дури и на плажа некогаш одев со збирка, од ќеф да си решавам.
Така што не сум ич против учењето математика – напротив, кого стасам, убедувам и отекувам дека математиката е совршен симболички јазик, совршен инструмент за концептуализирање, а и за да си доразјасниш сам себеси нешто што ти се мота низ глава, ама малку ти е заплеткано.
И мислам дека сите треба да учат математика, дури и без оглед на насоката, ама да ја учат поинаку, како филозофија, не вака механички „ова се решава вака, а ова онака, за овие задачи шаблонот ти е тој, а ова формулите утуви си ги во глава напамет“.
Ама ептен сум против ваквото утрапување на испит по математика во последен момент, па уште, би се рекло, бесмислен испит (ез ин „не се секирајте, многу ќе е лесно, сите ќе положите“ – тогаш што им го арчиш денот?). Па уште и електронско полагање, па до последен момент пазарење дал наставниците ќе бидат казнети или не, дал ќе влезе оценката во свидетелство или не …
Ете, заради тоа ги поддржав и се придружив на средношколците денес.
Паметни се децава. И ептен ми е ќеф што видов многу финтаџиски и математичарски транспаренти денес. И тие деца си сакаат математика, очигледно, само не сакаат нечисто сметање.