А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Стејт департмент: Партиите не треба да ја блокираат работата на Јанева

by А1он21/10/2015 - 12:1379
Share0

Американскиот Стејт департмент оцени дека Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза во Македонија и ги повика политичките партии да ја продолжат неговата имплементација, пренесе МЕТА.

Добивај вести на вибер

– Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот договор од 15 јули, кој, всушност, претставува најдобар начин за излез од кризата и за отворање пат за кредибилни избори во април идната година – изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, додавајќи дека партиите ги пробиле роковите за постигнување договор за законот за владата, за заштита на свиркачите и за заштита на приватноста.

Кирби рече дека македонските лидери минатиот месец направиле важен чекор со назначувањето на специјалниот јавен обвинител, но неопходно е да ѝ се обезбедат неопходните ресурси и персонал за да го исполни мандатот.

– Политичките партии не треба да влијаат или да ја блокираат работата на специјалниот обвинител – рече Кирби.

Стејт департментот, исто така, изрази надеж дека работните групи на политичките партии ќе ги продолжат разговорите, дека на прво место ќе ги стават државните пред сопствените интереси и оти ќе ја реафирмираат посветеноста на Македонија кон евроатлантските интеграции.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен