Перо Стојановски прв амбасадор што доби затворска казна

Од:

Најскандалозниот амбасадор на Македонија и поранешен министер за образование, Перо Стојановски, доби судска пресуда за злоупотреба на службената положба.

На 17 септември кривичниот суд во Скопје му одредил казна од три ипол години затвор заради злоупотреба на службена положба и овластувања, во најголем дел финансиска, додека ја преставуваше Македонија во Австралија, објавува Утрински.

Кривичната пријава, за која не се знаеше во јавноста, му ја покренало Министерството за надворешни работи откако, наводно, од здравствени причини го повлече во земјата, а потоа и го разреши.

Потоа, Стојановски се врати приватно во Австралија и сега му преостанува уште една истанца, Апелацискиот суд, пред да добие конечна пресуда и евентуално да биде побарана негова екстрадиција.