Нордиските држави стравуваат поради заканите на шенген зоната

Од:

Норвешката премиерка Ерна Солберг изјави денеска дека стравува за шенген зоната и ги повика нордиските држави да ги зајакнат своите надворешни граници во момент на бегалската криза.

– Предизвикот за норвешкиот регион не е внатрешен туку фактот дека надворешните граници на шенген се разбиени, изјави Солберг.

– Сега мора да се погрижиме за функционирање на надворешните граници, додаде таа.

Солберг чија Конзервативна партија во коалиција со антимиграциската Партија на прогресот, зборуваше по заедничкиот состанок со колеги од нордиски држави чиј домаќин беше Данска.