Околу 400 илјади сириски деца не посетуваат школска настава во Турција

Од:

Од 540.000 сириски деца во Турција речиси 400 илјади не одат на училиште, изјави турски официјален претставник предупредувајќи дека децата кои не одат на школо може да бидат експлоатирани од банди и криминалци.

Наставата на децата меѓу 2,2 милиона сириски бегалци во Турција, се смета за многу важен елемент од хуманитарниот одговор на конфликтот кој трае веќе 4,5 години.

– Ако ние не можеме да ги образуваме тие ученици, тие ќе паднат во раце на банди, криминалци, смета Јусуф Булјук заменик министер за образование.

– Се обидуваме да ги подобриме стандардите во нашата држава што значи и подобрување на стандардите за Сиријците, изјави тој.

Владата на Турција има намера да вклучи 370 илјади сириски деца во школи до крајот на годината. Во изминатата учебна година, образованието на сириските деца ја чинело Турција околу 600 милиони долари.