Обама: Путин нема меѓународна поддршка за Сирија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама се спротистави на руската воена интервенција во Сирија нагласувајќи дека со тоа не е направена разлика меѓу терористички групи и умерените бунтовнички сили со легитимни интереси за договорен прекин на граѓанската војна.

Обама оцени дека руската интервенција е вежба за самоодбрана што ќе го оддалечи сирискиот судир од решение.

Тој додаде дека претседателот на Русија Владимир Путин со својот пристап кон Сирија, не добил меѓународна поддршка.

Обама смета дека само Иран и претседателот на Сирија Башар ал Асад се на страна на Русија додека САД предводат меѓународна коалиција од 60 држави против Исламска држава во Сирија и Ирак.