Ликвидиран еден од највлијателните наркобосови во Колумбија

Од:

Колумбиските безбедносни сили го ликвидираа еден од највлијателните наркобосови во Колумбија, Виктор Рамон Наваро познат под името Мегатео, соопштија властите во Богота.

Како што јави ДПА, Наваро, кој беше лидер на паравоената група Народна ослободителна армија (ЕПЛ), бил убиен при воздушен напад на владините сили во реонот на џунглите во близина на колумбиската граница со Венецуела, Во ова подрачје активно дејствуваат и припадниците на левичарската герилска група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК).

– Разузнувачките служби поврдија дека Мегатео е убиен. Голем успех. Честитки. Криминалците завршуваат или пред суд или под земја, изјави колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос.

Убиството на 39-годишниот Наваро е еден од најголемите успеси на колумбиската армија по ликвидацијата на лидерот на ФАРК, Алфонсо Кано во 2011 година.