Во Европа оваа и следната година ќе пристигнат 1,4 милиони бегалци

Од:

Во текот на оваа и следната година преку Средоземното Море во Европа ќе пристигнат 1,4 милиони бегалци, смета Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Тоа е значително поголем број од претходнио предвидените 850.000 бегалци.

– УНХЦР своите планови ги темели врз очекуваните 700.000 луѓе, кои оваа година ќе побараат безбедност и меѓународна заштита во Европа. Можно е да има и поголем број бегалци во 2016 година, се наведува во документот.