На отвореното писмо од Бранко Радовановиќ, Трифун Костовски го даде следниов одговор:
Почитуван мој пријателе Бранко,
Го делам вашето мислење за реалноста што владее во Македонија. Сакам да ве убедам дека со моето влегување кое што е императив да нашата држава прерасне во вистинско и пристојно место за почит и добар живот е само чекор за спас на сегашната Македонија, кој доколку не го направам и си заминам од овој свет, ќе си заминам со грижа на совест дека не сум направил доволно за мојот народ ( без оглед на неговата национална и верска припадност) и мојата држава.
Мојот лик како човек во ниеден момент нема да го менувам, само ќе гледам да го разбудам мојот народ со цел да создадам услови како за нас , така и за нашите идни поколенија, во спротивно се плашам од најлошото за мојата татковина….да ја снема.
Подготвен сум и вакви жртви да превземам во интерес на семејството, сограѓаните и моето достоинство.