Вистинскиот непријател на западот е злобното царство на Саудиска Арабија

Од:

Индекс – Загреб

На Иран не му веруваат ни САД, ни Израел. Северна Кореја, на чело со својот немилосрден лидер, ги крие своите нуклеарни тајни од светот. Територијалните претензии на Русија на Владимир Путин го разнишаа демократскиот спектар на меѓународната зедница. Најновата закана по глобалниот мир, ИСИС го шокираше светот со неограничен број на ѕверства и терористички чинови. Па сепак, покрај сите тие, на врвот на листата на злосторници треба да се наоѓа Саудиска Арабија, злобна, немилосрдна, изопачена, моќна и опасна исто како и сите претходно наведени држави, пишува Индепендент.

Саудиска Арабија систематски ја шири својата болна верзија на исламот во светот и поттикнува и финансира омраза, истовремено задушувајќи ги човечките слободи и надежи. Западот паѓа на колена пред саудиските лидери.

Од минатата недела Саудиска Арабија претседава со Советот за човекови права во ОН. Таков развој на настаните отворено го поддржа Америка. Портпаролот на американскиот Стејт Департмент така рече дека се „разговара за проблемите поврзани за човековите права (во Саудиска Арабија)‟ и дека „ова е последна прилика Саудиска Арабија да ги проучи човековите права во светот, но и внатре во сопствените граници‟.

Мека стана недостапна на сиромашните

Позицијата на Американците во најблаг случај предизвика дилема. Саудиска Арабија е земја во која во просек секои два дена се убива по едно лице. Минатата недела, 769 муслимани загинаа на аџилак во Мека, а саудиските власти на почетокот рекоа дека тоа е „божја волја‟ и ги обвинија загинатите. Мека од место на духовност и едноставност е претворена во исламски Лас Вегас, на секое ќоше се градат хотели, облакодери и трговски центри. На сиромашните таа стана недостапна. Наместо да се регулира и ограничи бројот на луѓето кои доаѓаат, тоа се остава по страна, бидејќи би било погубно по профитот кој се остварува на тоа место.

Покрај тоа, злобното саудиско влијание се шири без никакви пречки. Кралот Салман понудил изградба на 200 џамии во Германија за потребите на пристигнатите бегалци, меѓу кои се наоѓаат и многу муслимани. Салман не понудил пари за храна и основни потреби кои им се потребни на бегалците, туку за вахабиски џамии, тројански коњи на саудискиот крстоносен поход. Многу исламски училишта сега го шират вахабизмот, кој полека станува глобален бренд, пишува Индепендент.

Политичките кукавици и профитери се додворуваат на Саудијците

По 14 години од 11 септември, Саудијците станаа многу поагресивни и по одлучни во својата намера да победат во културните војни. Инвестираат пари во исламистички организации и операции, промовираат доктрини кои ги потчинуваат жените и децата и ги осудуваат либералните вредности и демократијата. Покрај тоа, ја поддржуваат и крвавата кампања за бомбардирање на Јемен во која загинаа илјадници цивили, а уште илјадници се ранети.

Екстремизмот е сериозен проблем. Тие што го прифатиле западот, либералните муслимани се обидуваат да влијаат на зовриените, непријателски настроени млади муслимански умови, но во глобала, Западот е немоќен. Западните лидери не влегуваат во судири со Саудиска Арабија, извор на исламистичко перење на мозоците и на инфекции. Така се однесуваат поради нафтата и профитот кој доаѓа од продажба на оружјето. Политичките кукавици и неморалните профитери се вистинска закана за националната безбедност, патриотизмот и кохезијата.