Овде ќе поминува нова сообраќајна улица. Со одлуката на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ овој дел од кејот на Вардар ќе биде одземен од граѓаните на Скопје. На оваа скица од ДУП се гледа каде е предвидено да поминува улицата. Токму на сред пешачката зона на кејот, помеѓу ГТЦ, зелениот појас и терасите на угостителските објекти, рече Дамјан Манчевски, координатор на советничка група на СДСМ и коалициски партнери во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ.
СДСМ уште пред 7 години предупредуваше дека ова ќе се случи. Со договорот за градење на зградата на денешен Телеком, инвеститорот „Дивелоп Груп“ имаше обврска да изгради подземна сообраќајница. За потсетување, се работи за фирма на Александар Ивановски, познат како Алек Теранова, којшто Груевски го спомнува како бизнисмен под негова контрола, во еден од објавените разговори од проектот Вистината за Македонија.
Тогаш предупредивме дека нема никаква економска логика да се гради подземна сообраќајница и дека со тек на време таа ќе стане надземна. За жал, сме биле во право. На 21 декември 2012 година, општина Центар, под раководство на Владимир Тодоровиќ и ВМРО-ДПМНЕ, го смени ДУП и подземената улицата стана надземна.
Коце Трајановски никогаш не смееше да дозволи ова да се случи заради бизнис интересите на милениците на Никола Груевски.
Вака предвидената улица ја загрозува безбедноста на граѓаните, особено на најмладите. Оваа улица го уништува слободниот просторот на шеталиштето покрај кејот на Вардар.
Оваа одлука е целосно спротивна на усвоените мерки за безбедност на сообраќајот.Ова е класичен пример на узурпација на јавен простор и газење на волјата на граѓаните.
На ова место не може и не смее да има сообраќајна улица.
СДСМ и коалицијата остро се спротивтавуваат на одлуката на Коце Трајновски и ВМРО-ДПМНЕ за иградба на улица на кејот на Вардар. Најавуваме дека ќе ги превземеме сите мерки за да ги заштитиме интересите на граѓаните.
Бараме, Коце Трајановски да се врати во реалноста и да ја повлече оваа одлука.
Доколку Трајановски остане слеп послушник на Груевски и не ја промени одлуката, во координација со советниците од општина Центар, СДСМ и коалицијата ќе поднесат иницијатива за промена на ДУП за оваа улица да остане пешачка зона.Кејот е на граѓаните на Скопје и таков мора да остане. Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро.
Одговори на новинарски прашања:
П1: Бидејќи станува збор и за загрозување на животната средина на граѓаните, ќе биде ли една од мерките оспорување пред Уставниот суд, има повеќе загрозувања на безбедноста на граѓаните, дали од сообраќаен аспект, дали од еколошки аспект?
И самите бевте сведоци дека СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Центар се обиде да го промени деталниот урбанистички план. Тогаш општината беше жртва на жестоко насилство организирано лично од Никола Груевски согласно разговорите што ги слушнавме во Вистината за Македонија, кога праќа луѓе да маваат шамари и да ја кршат општината. Таа одлука за промена на ДУП-от којашто ќе ги решеше голем број од овие проблеми, самата власт ја оспори пред Уставниот суд. Значи процедурално ние ќе ја запазиме формата, да бидам искрен од целосно партизираниот Уставен суд нема да очекувам да ја заштити волјата на граѓаните, туку напротив да ги заштити интересите и волјата на Никола Груевски.
П2: Оваа сообраќајница ќе служи за вработени на Телеком или ќе има и друга намена?
Планирана е како пристапна сообраќајница. Што тоа значи, денес е една работа, а што ќе значи во иднина е друга. И самите бевте сведоци, односно ви прикажавме материјали со коишто оваа сообраќајница требаше да биде подземна, па испадна надземна. Сега за сега е планирана да биде пристапна, но што и како ќе се случува во иднина отвора простор за некој друг можеби во иднина да донесе некој друг тип на одлука. Не смееме да се коцкаме со овие работи.