(ФОТО) Најчевска како балерина: Кога Груевски го нарекувате премиер, јас заслужувам да бидам наречена балерина

Од:

Професорката Мирјана Најчевска вчера вечер се појави во улога на балерина во претставата „Време на забава“ („Party time“), на театарската трупа „Гнев“, која беше изведена во рамки на фестивалот „Млад отворен театар“. Режисер на претставата е Зоја Бузалковска.

„Викајте ме Маја Плисецкаја.12025318_10207853691835429_1211056989_n

Кога Катица Јанева ја нарекувате специјален јавен обвинител, кога Тодоров го нарекувате министер за здравство, кога Ѓорѓе го нарекувате претседател на држава, кога Груевски го нарекувате премиер, кога Миленко го нарекувате новинар, кога Адеми може да биде министер за образование, кога Латас го нарекувате професор, кога Караѓозоска ја нарекувате амбасадорка, кога Миновски може да биде претседател на Комисија за заштита од дискриминација, кога … јас мислам дека заслужувам да бидам наречена балерина.12041750_10207853691075410_991757539_n

Се пријавив на конкурс и бев избрана како најдобра балерина меѓу сите кои се пријавија. Поразговарав и со неколку луѓе со кои требаше да се поразговара и многу се изненадив кога ме избраа мене.

Верувам дека ќе бидете многу позитивни и ќе ми дадете шанса. Целта ми е Бољшој театар“, пишува Најчевска на својот Фејсбук профил каде сподели своја фотографија од претставата.

Инаку, вчера во оваа претстава беа користени и „бомбите“ на опозицијата.