Руски сухои летаат над Сирија, војската ги потисна џихадистите

Од:

Небото над Сирија кое е под контрола на Башар ал Асад е затворено за сите авиони освен за руските Сухои кои денеска прелетуваа на ниска висина и го креваа моралот на сиријската војска и Сиријците.

Во текот на денот жестоко беа бомбардирани локациите каде се наоѓаат припадниците на Исламска држава во градот Рака. Според извор на сиријската војска бил погоден и хиподромот каде се наоѓале џихадистите кои дошле од просторот на екс Југославија.

Истовремено, сиријската војска од три правци, Дамаск, Хомс и Алепо тргна во контраофанзива кон древниот град Палмира, од каде се повлекле силите на исламска држава.
По жестоките борби, сиријската војска ја презела контролата на неколку важни стратешки точки.

Жестоки борби се водат и на северот на Сирија во близина на воздушната база Алеп.
Според информации од сиријската војска, за брзо време се очекува целосно ослободување на приградските населби во Дамаск како и цела Палмира.

Воените аналитичари тврдат дека со доаѓањето на руските сили, сиријската војска веќе применува целосно нова воена стратегија која е ефикасна.

-Сега се чувствува руското влијание на терен. Нападите на Рака и Дер Ал Зор се изведени со модерно оружје и со медерни авиони, како и што се очекува од една модерна воена сила, изјави воениот аналитичар Игор Табак и истакна дека контраофанзивата на древниот град Палмира не е изненадување со оглед дека Исламска држава напредуваше кон главниот диријски град токму од тој правец.

Русите сметаат дека уништуањето на Исламска држава мора да почне со ослободување на Рака, главниот град на калифатот. Според најновите воени извештаи Исламска држава почнала да трупа сили на тоа подрачје, каде според аналитичарите наскоро ќе се случи конечната пресметка.

Во меѓувреме, државните медиуми соопштија дека сиријскиот претседател ги забранил комерцијалните летови над Сирија прв пат после 35 години, со цел просторот да им го отстапи на руските воени авиони кои денеска летаа ниско и над Дамаск.

Четири најмодерни руски авиони Сухои ја надлетуваа цела територија на Сирија и ги снимале локациите на Исламска држава кои по се изгледа наскоро ќе ги бомбардираат.

Калифот Абу Бакер Ал Багдади се закани доколку Русија се замеша во војната во Сирија, ќе ги погуби сите забореници.