Очајно неуспешен е денешниот обид на Илија Димовски да го оправда Никола Груевски којшто немаше одговори на поставените пратенички прашања од СДСМ.
Толку е голем стравот кај ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста се уште чека одговори од Никола Груевски за неговите парцели на Водно особено по објавувањето на новите докази како дошол до нив преку фирмата од Белизе, управувана од неговиот кум.
Со опозициските пратеници внатре очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да снајде во Собраниската сала и нема што да каже од собраниската говорница па закажува прес конференции во прес центарот на Собранието.