Снимени руските авиони во Сирија

Од:

Сирија доби нови борбени авиони од Русија за борба против Исламска држава, соопштија извори од сиријската војска.

-Нашата авијација ја прими испораката на најмалку пет борбени авиони од Москва, како и извидувачки авиони кои ни овозможуваат да ги лоцираме метите со голема прецизност, потврди висок сиријски официјален извор за агенцијата АФП.

Авионите стигнале минатиот петок во воената база во сиријската провинција Латакија, традиционално упориште на сиријскиот претседател Башар ал Асад.

Москва испорачала и софистицирана опрема за борба против ИС, со која прецизно се наведуваат ракети како и три ракетни системи.

Сиријската војска почнала да го користи оружјето во градовите Деир Езор и Рака. Западните медиуми тврдат дека ова е почеток на руската инвазија и дека во тек е разместување на извидница од 2000 руски војници во Сирија.