Од Сирија до Австрија за 40 дена

Од:

Стар – Торонто

Наскоро татко на трето дете гледа низ прозорецот во преполниот воз, и бара нешто низ замаглениот пејсаж како доказ дека неговото семејство успеало да излезе од Унгарија, нивниот петдневен кошмар.

Како што возот оди натаму, сирискиот бегалец Јахја Калифа и неговото проширено семејство на секои неколку минути излегува од купето и поставува само едно прашање: „ал-Намза?“ „Австрија?“. Потоа се слушна извик од ходникот. Возбуден маж со телефон влегува и покажува: „Австрија! “

– Алхамдулилах, извика Калифа и ја бакна неговата двогодишна ќерка Малика по густите кадрици во косата, а потоа погледна кон небото: Славен е Бог“.

Поминаа 40 дена откако Калифа и неговата сопруга Шерине Калифа, ја напуштиле фармата во близина на Кинеитра, во Сирија, жестоко потресуван дел од Голоанската висорамнина, непомирливо сардисано помеѓу Слободната сириска армија, борци поврзани со Ал Каеда, сириските трупи и израелската северна граница.

Воените маневри кои се одржаа пред скоро пет децении исцртаа тенка линија помеѓу живтот и смртта, сега обележана со огради и мински полиња, јужно од територијата каде семјството на Калифа си изградило фарма – сега уште еден напуштен дом во растурениот дел од Сирија.

– Претходно имав крави, имав куќа. Сега бум-бум. Ништо. Нема ништо. Затоа и заминав, рече Калифа.

За да избегаат од честите бомбардирања, семејството заминало за Турција каде на трговци со луѓе им платиле да ги пренесат од Измир до грчкиот остров Суми.

Чамецот на дување потонал пред да стигнат до копно. Јахја и Шерине, која е петти месец бремена, ги држеле децата над водата додека грчката крајбрежна стража не ги извлекле од морето.

За многумина од оние кои преживеале патување со брод од Турција до Грција, минувањето преку Унгарија стана најнезивесен дел од сега добро познатиот балкански пат на бегалците.

На семејството Калифа им требало три дена да минат од Грција до Србија, и по само неколку минути унгарската полиција ги уапсила. Минале пет дена во центар за притвор надвор од Будимпешта.

Калифа вели дека спиел само неколку часа, лежел буден и повеќето ноќи ги слушал децата како плачат и бучните вентилатори. Неговите деца, гладни, вознемирени и збунети по скоро 40 дена пат, се наоѓале помеѓу солзи и изнемоштено спиење.

– Грција еден ден, Македонија еден ден; Србија еден ден. Унгарија пет дена, рече Калифа.

На крајот, унгарската полиција им издала на семејството документи за патување и им рекле: „Одете каде сакате“, рече тој.

Калифа вели дека не може да разбере зошто Унгарците ги држат бегалците, кога повеќе од нив бараат азил во западна Европа или во Скандинавија. „Никој не сака тука да остане“, рече тој.

Како и многу други, семејството тргнало кон Шведска. Би требало да е полесно од Австрија натаму, треба да минат само уште три држави, претпоставува Калифа.

На Вестбанхоф станицата во Виена, со Малика на неговите рамења и славеничка цигара во устата, тој ја следи неговата жена и семејството меѓу масата од волонтери кои раздаваат храна, информации и медицинска помош.

Дузина австриски амбулантни возила се стационирани во близина, а бегалците кои побарале медицинска помош се враќаат со чинии со леб, зелка салата и зеленчук.

Група млади волонтери нудат бесплатни сим-картички и билети за воз. Други работат како преведувачи, шетаат по платоформата на станицата со знаци излепени на градите, на кои пишува дека можат да зборуваат на два или три јазици.

Сара Мејди, со своите 17 години, од Виена, му помага на семејството на Калифа во засолниште за бегалци поставено пред станицата.

– Сите знаеме дека доаѓаат од војна, па затоа мора да им помогнеме, рече Мејди пред да се врати во бегалскиот центар.

На секои неколку минути доаѓаат нови волонтери. Еден маж дојде од спротива со кутија преполна со банани и јаболки, и ги раздаваше на секој кој сакаше да земе.

На арапски и англиски јазик постери се закачени околу станицата од градот Виена на кои се објаснети сите услуги кои се достапни за бегалците, и сите завршуваат со трите зборови: „Вие сте безбедни“.