Трагедија во Скопје, 13 – годишно дете е прегазено во близина на фонтаната во Градскиот парк на улица Илинденска.
Според МВР, трагедијата се случила во 18 часот и 40 минути кога возило пунто управувано од 47 годишна скопјанка со иницијали М.Л. удрила во детето кое возело велосипед.
Детето било пренесено во Ургентиниот центар во Скопје, каде им подлегнало на повредите.
Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата. Неофицијално, на местото на несреќата немало траги од кочење.