Две момчиња загинаа во сообраќајка кај Куманово

Од:

Две момчиња загинале во тешка сообраќајна несреќа што по 15 часот се случила на регионалниот пат Куманово-Пчиња, во близина на каменоломот Краста, јавува Kumanovonews.

Неофицијално до несреќата дошло кога теренско возило „Хјундаи“, кое се движело од Пчиња кон градот излетало од патот во нива, во моментот кога се разминувал со автомобил „Голф“.

Во несреќата две момчиња починале на лице место, а има и повредени.