Компанијата АВОН одбележа 10 години работење на македонскиот пазар со развиени над 95.000 индивидуални бизниси.
– Пред 10 години само 300 Авон претставници го започнаа патувањето со нас, а сè до денес, им дадовме можност на повеќе од 95.000 претставници да го исполнат својот сон. Само за споредба, тоа е бројка поголема од популацијата на вториот по големина град во Македонија – Битола и верувам дека со нашиот раст од ден во ден таа бројка ќе се зголемува и наскоро ќе биде на ниво на Скопје, рече Дана Стојкова, национален менаџер на продажба на АВОН Македонија.
Досега има донирано повеќе од три милиони и 700 илјади денари за Борбата против ракот на дојка, а активна е и со својата филантропска кампања за Борба против семејното насилство. Со неа, 100 отсто од профитот од продажбата на производите одат во прилог на оваа цел. На овој начин, беше кажано на настанот, Авон Македонија истакнува дека е компанија вистински ориентирана кон жената и тоа не само кон нејзината убавина, туку и комплетна благосостојба.
Козметичкиот гигант моментно продава по 250 производи секој час, односно по четири производи секоја минута, и својот јубилеј го заокружува со продажба од 23 милиони производи за убавина годишно.
АВОН постои 129 години во преку 100 земји, има повеќе од 6,4 милиони независни претставници ширум светот, со преку 9 милијарди годишен приход.