Концептот за привлекување на странски инвеститори е оправдан, но мора да се знае колку тој чини. Од една страна кога се сумираат ефектите треба да се кажат и трошоците, вели во интревју за 24 Вести универзитетскиот професор Методија Несторовски, кој беше и ментор на премиерот Никола Груевски и еден од рецензентите на магистерскиот труд на Груевски со наслов „Кон излезот“, посветен на странските иневстиции.
„Кај нас странските компании се скокачи, тие не доаѓаат на нашиот пазар, туку нашиот пазар им е отскочна точка кон европскиот. И тука е слабоста на моделот, го исцрпуваат тоа што им се нуди и треба да се очекува дека по Џонсон Контролс, ќе има и други што ќе заминат“ , вели професорот Несторовски.
METODIJA NESTOROVSKI TREND 11 09 by 24vesti
Како ментор на премиерот Груевски, вели дека магистерскиот труд е теоретски добро поставен, но во делот за политичката стабилност, која премиерот ја посочил како услов за привлекување на странски инвестиции, професорот вели:
„Премиерот Никола Грувески очигледно не обрнал внимание кога во својот стручен труд напишал дека главен предуслов за странските иневстиции е политичката стабилност. А токму политичката стабилност, односно кон демократијата, да ја направиш опозицијата партнер, стабилното судство, се се тоа главни услови за привлекување на странски иневстиции. Корупцијата ни стана централна тема , еве девет години ние зборуваме за овие прашања“, вели професорот.