А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 50 видови пиво на „Пиволенд 2015“ во Скопје

by А1он02/09/2015 - 09:38317
Share0

На Скопската тврдина (Кале) од денеска до 6-ти овој месец, по осми пат, ќе се одржува традиционалната манифестација – Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2015“.
На „Пиволенд 2015“ ќе бидат понудени над 50 брендови пиво и гурманска храна.

Добивај вести на вибер

Годинава покрај домашни пива, како што најавија организаторите, ќе бидат понудени и пива од Мексико, Шпанија, Греманија, Чешка, Белгија… Оваа година акцентот ќе биде на белгиските, при што ќе бидат понудени над 20 брендови на пиво од оваа земја.

Петте фестивалски денови ќе бидат исполнети со богата музичка програма со настапи на големи имиња од македонската музичка сцена, како и гости од странство. На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Тони Зен, Ласт Експедишн, Суперхикс, Смат, Културно Уметнички Работници, Флека, Есма Реџепова, Верка, Барбарела …од странство ќе гостуваат Лемон Бакет Оркестра од Канада, Бркови од Хрватска, а програмата ќе биде збогатена со Блендед Бру од Данска.

Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје и на „Темов“. За организација на гурманскиот викенд, Градот Скопје од буџетот издвојува 200.000 денари.

pivolend
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен