Демократскиот сојуз смета дека надвор од Изборниот законик, политичките партии ја започнаа предизборната кампања, која може да биде основа за заострување на политичката криза и целосно маргинализирање на Договорот од Пржино.
Во време кога траат преговорите за излез од политичката криза и практично имплеметирање на политичкиот договор од 2 јуни 2015 година (Пржино), сведоци сме на агресивна предизборна кампања, со што се кршат важечките изборни правила. Тоа покажува дека партиите ( посебно партиите потписнички на договорот), не се подготвени да ги почитуваат законите, ниту пак да прифатат решенија кои се во интерес на државата и граѓаните, туку поаѓаат исклучиво од партиските и лични интереси.
Демократскиот сојуз ја повикува Државната изборна комисија да реагира на соодветен начин.