(ВИДЕО) Заев во Берово-жителите се жалат на невработеноста и нискиот стандард

Од:

На големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, беше помеѓу граѓаните на Берово.

Во Малешевијата овој празник е меѓу најважните. Секоја година илјадници граѓани се собираат во Берово од околијата, од цела Македонија, но и од странство.

-На помош празникот и нека е за многу години, со овие зборови, со прегратка и топло добредојде гостопримливите и срдечни беровчани го пречекаа претседателот Заев.

Да не чува Богородица и да ни помогне на сите, возврати претседателот Заев, кој го сподели со граѓаните значењето на вистинските христијански и човечки вредности.

Денешниот ден не потсетува на огромното значење на безрезервната љубов, на грижата, на добрината, на хуманоста. Но ’не потсестува и на патот кон вистината, на патот кон трпението, на патот кон помагањето. Затоа, со славењето на денешниот празник да се потсетиме на овие вредности, да го славиме и меѓусебното почитување и заеднички да ги унапредиме вредностите во нашето општество, рече Заев.

Придружуван од членовите на Извршниот одбор, Пеце Мирчевски и Сања Лукаревска, како и од пратеничката Јагода Шахпаска, заедно со претставници од општинското раководство на СДСМ Берово, претседателот Заев го посети и отворениот саем на традиционални производи, Малешевијата на дланка.

Продавачите, изложивачите, граѓаните, видно задоволни од посетата на претседателот Заев, искажаната грижа за нивниот труд и надежта којашто тој им ја влева.

Во центарот на Берово младите Беровчани со аплауз го пречекаа претседателот Заев, поканувајќи го на заедничката средба, со кафе.

Како и во цела Македонија и во Берово младите ги мачи невработеноста и нискиот стандард како најголеми предизвикувачи на иселувањето.

Средбите со граѓаните на Берово продолжија во текот на денот. Честитки за празникот и убави желби, но и забелешки, сугестии и конкретни предлози доби претседателот Заев.

Една постара бабичка се пожали на лошите услови и неизградениот пат пред нејзиниот дом, за кој, како што вели, со години никој не се сетил дека треба да го направи.

Претседателот Заев попладнето продолжи кон манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово. Традиционално, големиот христијански празник се празнува во овој манастир. Самиот локалитет има посебно значење за беровчани. Тука се котлите за традиционалниот ручек, зурлите и тапаните, преполните полјани со граѓани од цела Македонија.

Чествувањето на празникот завршува со завршувањето на денот, но започнува одбројувањето за наредната година, со надеж за промени и подобро утре.